Во Македонија пристигна првиот сервисиран Ертрактор за гасење шумски пожари.
Сервисот на овој авион, како што објави ТВ Алсат М заглави во Шпанија четири месеци. Иако таму беше испратен уште во јануари и до март требаше да биде испорачан, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути во телефонски разговор за ТВ Алсат рече дека процедурата заглаваила кај резервните делови, бидејќи компанијата ги немала на располагање сите потребни делови за него.
Од Дирекцијата без очекувања кога ќе се врати вториот Ертрактор од сервисирање иако шпанската компанија има рок од 60 дена или до средината на јули да го врати сервисиран авионот во земјава.
„Согласно процедурите и постоечкиот договор со Titan Firefighting company s.l. компанијата ги има сите неопходни делови за сервисирањето на вториот Ертрактор, во согласност со регулативите на ЕАСА и нормално условите од опреаторот коишто треба да го заврши сервисирањето. Често се случува да излегуваат непредвидени работи кои повлекуваат и време за отстранување и дополнителни делови коишто операторот е обрзан да ги набавува од единствениот производител во САД, наведоа од Дирекцијата за заштита и спасување.
По враќањето на вториот авион, Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје до Валенсија треба да го испрати и третиот. Тој би се пратил на сервис среде лето кога во земјава има најголема опасност од шумски пожари.
Ланското летото во Македонија беснееа пожари, а државата немаше ниту еден авион да гаси шумски пожари, па се бараше помош од други земји. За ова лето има само еден авион кој може да гаси шумски пожари.
Извор: Алсат ТВ