Со головите на Грегорич во 78 минута и Арнаутовиќ во 90 минута, Австрија во второто полвреме стигна до 3:1 против нашата репрезентација во првиот натпревар од нашата група.

По вториот гол за Австрија, Македонија се обиде „да притисне“ и да стигне до нерешен резултат, но голот на Арнаутовиќ ги закопа нашите надежи дека можеби на крајот ќе стигнеме до израмнување.

Не помогнаа ни четирите замени кои Ангеловски ги изврши, заменувајќи ги Трајковски, Николов, Барди и Муслиу со Костадинов, Бејтулау, Тричковски и Ристовски.

Нам ни останува надежта дека ќе успееме нешто да направиме на наредниот натпревар со Украина, иако сега ќе биде мноху потешко, откако Австрија ни го „скрши“ победничкиот морал.