Намалена видливост поради магла утринава има во Тетовско и Охридско.

Од ЈП Македонијапат соопштија дека видливоста на патниот правец од Тетово кон село Гајре е 20 метри додека пак во Охрид е 30 метри.

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози, а од Јавното претпријатие апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.