Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел, во која се вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на работната посета на Брисел предвидено е Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.

Инаку Османи беше во авионот од Брисел од кој уште пред неколку години беше соопштена најрадосната и една од најлажните вести дека Македонија добила датум од ЕУ. Тогаш делегацијата ја предводеше бившиот премиер Зоран Заев, а со него летаа Кочо Анѓушев и Никола Димитров.

Македонски мејнстрим медиуми оваа вест ја објавуваа ударно, а уште еднаш при одјавата на вестите. И никогаш таа од вистиномерите не доби категоризација „лажна“.