Во Македонска Каменица вчера пешакот А.Б. починал откако во него удрил автомобил Мерцедес со кочански регистарски ознаки.

Полицијата соопшти дека вчера во 15:40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.