Да му е жив на м’жа ми калемот!

(За оваа пословица се раскажува следнава приказна: Се скарале две жени, комшивки. Едната била жена на учитељ, а другата жена на некој богат трговец. Во карањето жената на трговецот се нафрлила на другата жена со најлоши зборој, шчо не и крепит ни земјава ни небоно. На сите тие лоши зборој другата жена одговорила:
– Не ишала, јас никогаш не сум била таква. Да му е жив на м’жа ми калемот, јас секогаш сум си била домаќинка и домаќинка ќе си останам. Арно ама стружани последниве нејзини зборој и зеле на мајтап и и овековечиле во пословица.)

Да не (ви) му дотера телето од гојда.
Да не не носат светот од пазар на пазар.
Да не чуе злото.
Да прашаш не грешиш.
Да растуреш е лесно, а да направиш е мачно.

Даскалска гла празна. (Се раскажува следнава приказна: Еден гал нашол една гла мртоечка. Удрил со кљунот за да је рушит и да го изејт мозокот. Се м’чил некој два-три сата и одвај је рушил. Кога је рушил, глата била сосем празна. Н’тре немало ни капка мозок. Галот фатил да се чудит. Долетал еден други гал и го опитал што се чудит аџиба. Галот му расказал се за глата, како и колку се м’чел да је рушит и најоѕади не нашол нишчо во неја. „Се чудам, аџиба, чија можит да бидит ова гла.“ – „Зар толку не ти теквит, -му рекол другиот гал. -Чија можит да бидит ако не е на некој даскал. Даскалската гла секогаш е празна.“)

Да сум в рај, макар и на крај.
Да ти имам младоста, (а) да ти немам срцето.
Два брата се карает, ама два ручека не се карает.
Два камења љути не мељат брашно.
Два лешника еден орев кршат.
Два пати мисли еднаш прозборуј.
Два пати удара еднаш брое.
Два петла на едно буниште не можат да пејат.
Два питачи н’една врата.

Два п’ти мери еднош сечи.
Дваш се човек не излаже.
Две гнезда една квачка не може да квачи.
Две добра на една перница не лежат.
Две добра на едно не биват.
Две жени – пазар, три жени – панаѓир.
Две лубеници (или, два карпуза) под една мишка не се носет.
Две очи поарно гледаат од едно.
Две раци, за една глава.
Две риби на еден огин се не верували на која по жеже.
Две умирања нема, без едно не се може.
Дебела кокошка јајца не носит.
Дедо баба води оти не му даваат млада.

Дека е планина, таму е правина.
Дека е текло пак ќе тече.
Дека е тенко там се кине.
Дека има ногу ергење дрва цeпени нема.
Дека јали и пили тамо в’ци вили.
Дека не го сееш, там ќе го најдеш.
Дека пеат често петли, там забаве да осамне.
Дека шие, јас се спровирам.

Дека шчо јадат – трчај; дека шчо бијат – бегај.
Ден за ден, дојде и Велигден.
Ден за ден – година помине.
Денеска везир, утре резиљ.
Денеска уф, уф, утре – оф, оф! (Кој се весели денес без да мисли за назад, понатака ќе страда).
Денешната работа не ја оставај за утре.
Ден орање – година јадење.
Денот по утрото се познат.

Денот што донесуат, годината не носит.
Ден работи, ден седи не треба чоек да праи.
Дери овци, рани воуци – паси овци, рани воуци. (Неспособен за таа работа).
Дете во мајка се тресит. (Голем страв.)
Дете се милуе от срце, а не со уста.
Детето дури не паѓа, не може да се науче да оде.
Детето дури не плаче, не му даваат да цица.
Детето со многу татковци оди без капа.

Дето го не сееш, там никне.
Децата ги јадат сливите на старите им трпнеат забите.
Диви волци виеја, кај што вино пиеја.
Добар е Господ и за нас.
Добра мисла фурка преде.
Добрата жена куќа отвора, а лошата – затвора.
Добрината со добрина се плаќа.
Добрината добрина носи, а лошото лошо носи.
Добри пријатели, од браќа се помили.

Добро вечер, свекрво, дали праеш макало? (Велат за мрзлива невеста)
Договор куќа не уриват.
Додека е жив човек се учи.
Додека не помаа кучката со опашката, псетата не ја гонат.
Додека не се замате, нема да се избистри.
Дојде гос, растури пос.
Дојде зима, селцка мрза.
Дојде есен, маж је бесен.

Дојде ли Митроен, чекај си Ѓурѓевден.
Дојди бре зло, оти без тебе уште позло.
Дојдоа дивите ги нападија питомите.
Домазетот е црн гавран.
Дома и стреите помагаат.
Дома кукла, надвор панукла (е). (Лицемер).
Дома седам, ама Стамбол шетам. (Итар сум).
Домашното куче овци не чува. (Подготви Марко Китевски)