Власта со брусилките ја доби првата битка со капаците од шахтите, но полека ја губи војната со македонскиот непокор.

Сонцето од Кутлеш го избрусија од шахтите, но тоа се помасовно почна да се употребува.

– Секоја чест за домаќините на оваа преубава македонска куќа. Македонски непокор полека, но сигурно се шири како вирус. Нема тука да застанеме, ова е само почетокот на освестување и обединување на Македонецот. Браќа и сестри допрва пристигнува времето за слободна и обединета Македонија. Никогаш северна, само Македонија, објавуваат Млади за Македонија на нивната страница на Фејсбук.

Сонцето од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, се вее на знамиња низ Македонија, се аплицира на објекти и неговите зраци се шират побрзо од брусилките на власта која го отсранува од јавните објекти.