Рок од 40 дена им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Кутлеш.
Од Генералниот секретаријат на Владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов.
Владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Кутлеш од споменици, јавни згради, инфраструктура и друго.
– Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на спогодбата, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство, гласи член 8 од Договорот за надминување на спорот за името.