Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,3 отсто на месечно и за 21,4 отсто на годишно ниво.

Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,5 проценти, Интермедијарните производи, освен енергија за 5.8 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29.4 %, Капитални производи за 74.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 %.

Наспроти овој скок на цените, Владата, премиерот и нејзините министри секој ден ги „бомбардрираат“ граѓаните со објави за историски покачувања на платите и на просечната плата во Македонија.