Новиот претставник на Владата во Одборот на директори на Македонски телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијата претседател на одборот од редот на неизврши членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата на денешната седница, објави А1он.

-Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од 155.000 денари. Месечниот надоместок на останатите членови на Одборот на директори на Друштвото којшто е утврден во Одлуката за определување на месечен надоместок на членовите на Одборот на директори на Друпштвото од 18.12.2007 година останува непроменета, стои во одлуката.

Милев за претседател на Одборот на директори на Македонски телеком од редот на неизвршни членови е предложен од Владата во мај годинава.

Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 денари нето, како и Нина Ангеловска, со надоместок од 62.000 денари во нето-износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.

Милев во 2013 година беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби и се смета за близок човек на бившиот премиер Зоран Заев.

Целиот текст на А1он може да го отворите ТУКА.