Граѓаните повторно забележуваат поскапувања на основните производи. Во пикот на летото многу трговци ги зголемија цените за по неколку денари на речиси 40 отсто од прехранбените и хигиенските производи. Во маркетите што ги посетивме, објавува ТВ Алсат, сечен леб се продава по 40 денари, иако порано беше 33. Тетрапак млеко беше 52 денари, а сега се продава за 55. Килограм сирење чини од 10 до 12 денари повеќе, а кашкавалот е поскап за 20 денари. Исто така, овој месец е забележано поскапување на свежото говедско месо за најмалку 30 денари. Многу граѓани велат дека се мачат да го поминат месецот.

Катастрофа, душата ни знае како преживуваме. Ова е многу лошо за нашата иднина. Секој артикал поскапе, порано се полнеше количка со 200 евра, сега 500 не се доволни. Работам на две работни места и повторно не успевам да излезам на крај на месецот. Тоа значи дека наскоро ќе се иселиме од овде. Од мака ќе ја напуштиме државата…“

„Нè лажат, велат ќе ги намалат цените, 100% ги покачија, а ги намалуваат за 5%, ништо. Ги зголемија своите плати за 78%, а на пензионерите за 8%. Дали е ова логично?“, реагираат граѓаните.

Од друга страна, од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека иако во однос на претходниот месец има мало намалување на вредноста на потрошувачката кошница во јуни, трошоците за храна и пијалоци се зголемени. Лебот и житариците се продаваат по зголемена цена од речиси 27%. Млекото, сирењето и јајцата речиси 26%, месото над 25%. Само маслата поевтинија за 5,3%. Но, нови повисоки цена сега најавувата од Пекарската комора.

„Поради прекршувањето на меѓународниот договор, од Украина нема да имаме увоз на жито, а како резултат на тоа, неговата цена порасна за околу 3% на светската берза, а тоа се одрази и на домашниот пазар. Во иднина постои можност да има поскапување на пченицата и брашното доколку годинашната реколта не ги задоволи потребите на домашната потрошувачка и пазарот ќе биде принуден да увезува од други земји“, велат од пекарската комора.

На едно четиричлено семејство минатиот месец му биле потребни 48.543 денари за да ги покрие минималните трошоци од потрошувачката кошничка од што за грана се предвидени 19000 денари или нешто повеќе од 600 денари на ден, што е сосема нереална сума. Потрошувачката кошничка на синдикатот сè уште не може да се покрие со две минимални плати, а прашање е дали реалната кошничка може да се покрие и со две просечни плати.