Франција им се придружи на земјите кои ја осудија „анексијата од Русија на четири региони во Украина“.
Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон „најостро го осудува“ заземањето на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.
– Силно ја осудувам руската нелегална анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Ова е сериозно кршење на меѓународното право и украинскиот суверенитет, објави Макрон на Твитер.
Во соопштението тој чин се опишува како „сериозно кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина“.
– Франција се спротивставува на овие анексии и стои на страна на Украина со цел да го врати својот целосен суверенитет и целата нејзина територија наспроти руската агресија, се додава во соопштението.