Шефот на француската држава Емануел Макрон ја оцени реформата на пензискиот систем како „историска за земјата“, јави дописникот на МИА.
Францускиот претседател својата оценка ја даде на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел, откако вчера одби да им одговори на новинарите на ова прашање.

– Ова е историска реформа за земјата. Историска за повторно втемелување на државата заштитничка од 21 век. И во моментот кога сметам дека е најповолна, ќе зборувам од Париз, нагласи Макрон.

Сепак штрајкот што трае веќе девет дена во Франција, иако бројот на штрајкувачите се намали, ситуацијата во сообраќајот не се подобри. Повеќе синдикати, сега скоро сите без исклучок, повикаа на национална мобилизација, закажана за идниот вторник.