Според официјалните резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори Конзервативната партија на Борис Џонсон освои 365 пратенички места од 650.

Додека Лабуристичката партија освои 203, Шкотската национална партија 48, а Либералните демократи 11 пратеници.

Тоа е убедлива победа на конзервативците односно нивни четврти најдобар резултат од 1935 година, односно повеќе мандати освоија на изборите во 1983 и 1987 година, кога партијата ја водеше Маргарет Тачер, и во 1959 година во времето на Харолд Макмилан. Додека опозициските лабуристи забележаа најлош резултат од 1935 година.