Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски објави статус упатен кон пратеникот Љупчо Николовски, за кој вели дека кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули,  и ви го пренесуваме во целост.

„Љупчо, кукавиците бегаат и се кријат.

За тоа дали моите аргументи се вистинити или лажни ќе каже судот, а не ти. Знам дека си навикнат од Вашето време со Заев и Филипче да си заштитен од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДС и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО.

Ти треба да дадеш одговори на многу прашања, не јас.

Кажи, дали имаш луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180м2? Дали берберот кај кој си одел неколку пати во месецот додека си бил член на Влада, си го направил советник? Дали си влијаел за фирмата на брат ти, Лариком шпед да успее да го зголеми приходот за една година за 1100%? И конечно, треба да дадеш одговори и за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата “Тргопродукт” 1,4 милиони евра грант од ИПАРД? Дополнително, има индиции дека наодот за душевна болка ти е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДС, а плус и имаш гласано за него на Влада да биде директор на Клиника за психијатрија?

Љупчо, ти си политичар. Душевно болен од моите прес-конференции не можеш да бидеш. А доколку навистина си, замини од политиката, доста ти е“.

Printscreen / Facebook / Валентин Манасиевски