СДС како адвокат застана во одбрана на Михаилова, која избега од судски процес заради извештај направен од другарот на Филипче и Заев, докторот Иван Барбов, стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ што го објавуваме интегрално.

Во извештајот на криминалниот доктор Барбов пишуваше дека таа морала да се лекува во Бугарија, а нашите сомнежи се јасни, а тоа е дека зад овој извештај стојат Филипче и Заев.

Дури и Барбов јасно кажа дека Ива Михаилова немала големи медицински проблеми и дека лекувањето можело да се продолжи и во Македонија.

Со овој став на Барбов, нашите сомнежи дека извештајот е фингиран, уште повеќе се потврдуваат.

Тоа се потврдува исто така, и со тоа што СДС и Филипче се ставија на тацна на Бугарија и Михаилова, во првиот случај како амбасадори, а во вториот како адвокати.

Затоа, очекуваме да се истражи случајот од надлежните органи и да добиеме правда.