Јас го правев софтверот и не верувам дека нема бекап на податоците во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), нека ми дозволат и јас ќе ги вратам, вели Ѓорги Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Тој ова го објави на Фејсбук и ја информира јавноста дека стои на располагање да помогне да се вратат изгубените податоци од ФЗО.

Манасков додава дека тој го правел софтверот во ФЗО, а од тогаш до денес многу пати бил дополнуван и доработуван.

– Не верувам дека нема BACKUP на податоците во Фондот за здравство! Јас го правев софтверот за здравство во CLIPPER, програмски јазик и DBASE база и ја имам базата до 1996 година. А, од тогаш до денес е многу пати софтверот дополнуван и доработуван… Не е потребно да се бараат надворешни експерти!- вели Манасков.

Јас, стојам на располагање, додава тој и ја нудам мојата помош да ги вратам податоците, доколку ми дозволат, и во било која база да се или во кој хард диск.

– Ви стојам на располагање! Каде се нашите експерти, програмери и стручни кадри? вели Манасков во објавата на Фејсбук.

Како што објавивме, софтверот на ФЗО е нефункционале со денови и закана за функционирањето на здравствениот систем во државава.