Манчестер јунајтед загуби од Тотенхем со 1:6 на домашен терен во мечот од 4. коло на англискиот шампионат.

Екипата на Оле Гунар Солскјер поведе од пенал уште во 2. минута преку Бруно Фернандеш, а потоа прими шест гола.

Стрелци за Тотенхем беа Сон Хеунг Мин и Хари Кејн по двапати, Серж Орие и Тангуј Ндомбеле.

Од 28. минута домаќините играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ентони Марсијал.

Манчестер јунајтед со три бода го зазема 16-то место во поредокот во Премиер лигата. Тотенхем со седум бода е петти.