Седумдесет и петта минута, а Астон Вила веќе води со 6:2 против шампионот Ливерпул.

Уште еден неверојатен натпревар во Премиер лигата, откако попладнево Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед со 6:1 на гостувањето.

Астон Вила го заврши првиот дел со водство од 4:1, а додека навивачите на Ливерпул се надеваа дека е можен некаков пресврт во вториот дел, домаќините до 75 минута дадоа уште два, а примија само еден гол. Осум гола, од кои шест во мрежата на Ливерпул е нешто што ни најлудите прогнозери не би очекувале.

И додека ги пишуваме овие редови, ете го седмиот гол во мрежата на Ливерпул постигнат од Грелиш. Астон Вила – Ливерпул 7:2, сега е 79 минута.