Напаѓачот Антони Марсија ќе остане во Манчестер Јунајтед и следната сезона, вели „Дејли мејл“.

Оваа одлука е донесена од менаџерот Оле Гунар Солскјер.

На крајот на јануари, Французинот потпиша нов договор, но многу наскоро следеше пад во неговата игра.

Солскјер е разочаран не толку од формата на Марсијал, колку од неговиот став кон работата.

Норвешкиот стратег останал крајно вознемирен од однесувањето на Марсијал на крајот на минатиот месец, кога на загревање пред натпреварот со Челзи на демонстративен начин стоеше на теренот.

Сепак Солскјер донел одлука да му изгласа доверба на Марсијал и да се потпира на него во следната сезона.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед верува дека може да добие многу добри резултати од неговата заедничка работа со Марсијал.