Манчестер јунајтед има намера да го задржи во тимот играчот за врска Пол Погба. Клубот разговара со претставници на Французинот за нов договор, соопшти „Sky Sports“.

И покрај интересот на многу клубови за 28-годишниот играч, „црвените ѓаволи“ сè уште не добиле официјална понуда за трансфер.

Минатата сезона Погба постигна три гола и направи три асистенции на 26 натпревари во Премиер лигата.

Во групната фаза од ЕВРО 2020 Погба е еден од најистакнатите фудбалери на француската репрезентација која во осминафиналето на 28 јуни ќе игра со Швајцарија.