Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е подготвен да се раздели со крилниот напаѓач Даниел Џејмс, тврди „ЕСПН“.

Тренерот смета дека 22-годишниот Велшанец нема потенцијал да стане стартер во „црвените ѓаволи“, па нема проблем да го продаде за да ја наполни трансфер-касата.

Солскјер веќе разговарал со газдите на клубот за ова, убедувајќи ги да бараат купувач за Џејмс. Се проценува дека Јунајтед е подготвен да го продаде играчот за околу 25 милиони фунти.

Даниел Џејмс пристигна на „Олд Трафорд“ во јули 2019 година од Свонси за 17,8 милиони евра.

Досега има 48 натпревари и 4 погодоци на сите турнири за клубот.