Манчестер јунајтед со 3-1 загуби на гостувањето кај Вест Хем во воведниот натпревар од седмото коло во Премиерлигата.
Нов удар за Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед, овој пат со пораз се враќаат од Лондон, загубија на гостувањето кај Вест Хем со 3-1.
Дека Манчестер јунајтед го очекува лош ден беше најавено уште на самиот почеток кога во шестата минута Андерсон по асистенција од Забалета погоди за водство од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме несреќниот Линделоф смени правец на една топка и ја смести во мрежата на Де Геа за водство на Вест Хем од 2-0.
Во 71. минута Рашфорд постигна гол и го врати Манчестер јунајтед во живот, но таквата импресија траеше само три минути бидејќи Вест Хем преку Арнаутовиќ погоди за конечни 3-1.
Дали е време за промена на тренерската позиција, Жозе Мурињо е под се поголем притисок, Манчестер јунајтед не покажува знаци на вадење од кризата.