Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од својот тим по поразот со 1:3 од Вест Хем во натпревар од Премиер лигата. Тој сепак имаше прететнззии и кон судењето на натпреварот.
– Мислам дека тоа не е најдобар начин да се започне натпреварот, откако во петата минута екипата прими гол. Имаше офсајд, можеби судијата на страна не виде и направи грешка. Што се однесува до вториот гол, знаевме дека Јармоленко игра добро со левата нога, но не му се спротиставивме доволно добро. Во второто полувреме реагиравме на случувањата, но голманот им направи неколку добри одбрани. Третиот психолошки не сруши, бидејќи судијата не виде прекршок против Рашфорд. Откако постигнавме гол, имавме 20 минути за да израмниме, но психолошки се распаднавме, изјави Мурињо веднаш по мечот.
Португалецот исто така, ја објаснија неговата одлука да го замени Алексис Санчез со Антони Марсијал во неговиот стартен тим за денес.
– Долго време има луѓе кои инсистираат на тоа дека Марсилал треба да игра. Алексис Санчез не се претставува добро, така што оваа недела се согласив да го изберам Ентони пред Алексис, заврши тренерот, кој ќе има се поголеми тешкотии да се задржи на чело на Мначестер Јунајтед по новата лоша партија на тимот.