Според информациите на „Дејли мејл“ играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е близу до заминување од тимот.

Медиумите во Англија повикувајќи с ена сигурни извори од тимот, објавија дека неколку играчи на „црвените ѓаволи“ веруваат дека напуштањето на 26-годишниот Французин ќе има позитивно влијание врз клубот.

Претходно беше објавено дека тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред заради добивање на пари за зајакнување на составот.

Погба минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и оствари 11 асистенции. Неговиот договор истекува летото 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар се проценува на 100 милиони евра.