Екипата на Манчестер Сити е првиот англиски клуб со четири врзани порази во фудбалската Лига на шампиони.

Овој негативен рекорд почна со поразот од Базел минатата сезона во реванш осминафиналната пресметка со Швајцарците, потоа следуваа два пораза од Ливерпул, а продолжи синоќа во првата рунда од оваа сезона во елитното натпреварување. На „Етихад“ победа славеше Олимпик Лион со 2:1.

Шанса да ја прекинат црната серија во ЛШ „граѓаните“ ќе имаат во следната рунда кога се среќаваат со германскиот претставник Хофенхајм.