Денеска го посетивме Езерото Младост, како прва иновативна туристичка дестинација во нашата земја, објави денеска министерот во заминување Дамјан Манчевски.
– Тука, преку можностите што ги нуди дигитализацијата на посетителите ќе им бидат на располагање повеќе смарт решенија кои ќе им го поедностават животот. Станува збор за смарт клупи, штедливи сијалици, смарт велосипеди, паркинг со дигитален систем за управување и смарт канти за отпадоци. Исто така во тек е изградба на еко камп којшто ќе содржи повеќе интересни катчиња за најмладите. Вкупната инвестиција е 62 милиони денари обезбедени преку Проект за локална и регионална конкурентност, објави Манчевски на Фејсбук.
Тој заедно со неговата колешка Мила Царовска и градоначалникот на Велес Аце Коцевски денеска беше во посета на езерото Младост – идна иновативна туристичка атракција во Македонија.