Соочени сме со криза, можеби најголема во историјата, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

– Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, рече Манчевски, кој беше гостин во ТВ 21 во вечерашната емисија Клик Плус.

Тој додаде дека без приватниот бизнис нема плата за администрацијата и обратно.

– Во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси, порача Манчевски.

Тој нагласи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за два-три месеца, но додаде дека може да трае и многу подолго.

Како што е познато бившиот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев бара платите на јавната и државната администрација за април и мај да биде 14.500 денари. Тоа предизвика големи реакции кај повеќе синдикати и револт кај административците.