Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го промовира колективното издание „Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура“, приредено од академик Катица Ќулавкова.

Проектот на МАНУ е остварен во соработка со Институтот за национална историја, Филозофскиот факултет, Богословскиот факултет, Институтот за македонска литература и
Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

Промотивни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, академиците Витомир Митевски и  Катица Ќулавкова и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.