Поранешниот бр.1 во светот, Енди Мареј (Велика Британија) беше елиминиран во третото коло на турнирот „Рафа Надал опен“ од сериите „Чаленџер“ во Мајорка, Шпанија, со награден фонд од 46.600 евра.

Мареј, кој долго време лекуваше повреда, загуби во три сета од италијанецот Матео Виола со 6:3, 4:6, 6:7 (3), по скоро три часа борба.

Триесет и две-годишниот Шкот реши да откаже учество на „Ју Ес Опен“, за да може да акумулира пракса во натпревари од пониско ниво.

Мареј моментно е рангиран на 328-то место на светската ранг-листа, откако беше подложен на операција во февруари и се врати на терените во јуни, но на натпревари во двојки. Тој последен пат учествуваше во „Челинџер“ пред 14 години.