Меѓусебното почитување, разбирање еден со друг и простувањето е единствен начин за соработка, мир и успех. Да простиме, да побараме прочка и да учиме од грешките, порача денеска на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник Велики поклади-Прочка.

Според Маричиќ, денешниот празник треба да биде и основа за надминување на разликите и поделбите, за заеднички да градиме општество во кое владеат демократијата, правдата и европските вредности.

-Денес е денот кога подаваме рака за прошка и даваме прошка.Ден за помирување. Не постојат луѓе кои не грешат. Најважно е да учиме од грешките и да сме свесни за потребата од прошка. На сите православни верници го честитам големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка и ви посакувам лесни пости. За многу години!, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ. бт/аа/МА