Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Атина каде што ќе има средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.
Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови можности за соработка се темите на кои Маричиќ ќе разговара со својот грчки колега Варвициотис, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Во рамки на посетата на Атина, Маричиќ ќе учествува, како главен говорник, на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика, ЕЛИАМЕП.