Оваа билка расте на тревнати ледини, на рабовите од шумите и на ливадите. Висока е меѓу 15 и 60 см. Стеблото и е цврсто, а цветот со златно-жолта боја. За да го препознаете со сигурност, згмечете еден цвет – од него ќе потече црвен сок.

За подготвување на чај или бања, билката се собира за време на цветање, а за кантарионово масло се собираат само цветови.

Во старото побожно народно верување, црвениот сок на кантарионот доведуван е во врска со бојата на крвта на Исус.

Кантарионовото масло е добар мелем за рани; тоа ги ублажува болките, ги спречува воспаленијата и лечи. Многу народи веруваат дека во неговиот сок всушност е содржана и една капка од крвта на Исус.

На Иванден, кој е симбол на моќта, светлоста и топлината, кантарионот сјае со целиот свој сјај и величина. Во старите времиња девојките плетеле венец и секој кој играл околу Иванденскиот оган морал да има таква круна. Во горна Австрија селаните според старите обичаи, оваа билка ја ставале меѓу две парчиња леб и ја давале на стоката за да ја сочуваат од блести.

Од сево ова може да се заклучи дека кантарионот уживал углед уште од старите времиња.

Чајот од кантарион се употребува кај оштетување на нервите, кај нервни тегоби од сите врсти, кај повреди од удар и кај последици од силно напрегање. Исто така е одличен лек и против пролив.

Против тригеминусна неуралгија можеме да се бориме ако дневно пиеме две до три шољи чај од кантарион, а надворешно, подолго време на заболените места да триеме со масло од кантарион. Тинктурата може исто така да се употребува и тоа покрај за нервните тегоби, и кај неуроза и несоница. Се пијат 10-15 капки дневно со голема лажица вода.

Канатарион лечи и кај проблеми со говорот, кај нмирен сон, напади на хистерија и месечарење, мокрење во кревет и депресија. Искуствата покажуваат дека кај сите овие проблеми, покрај чајот ефикасна е и бањата. Се препорачуваат шест последователни бањи неделно на нозете кај нервите пореметувања од било кое потекло.

Младите девојки во текот на својот развој би требало да пијат дневно по две шољи чај од кантарион. Тој го потикнува развојот на женските органи и ги регулира нередовните менструации.

Маслото од кантарион е мошне фален природен лек. Секоја куќа би требало да го има. Лесно можете да го направите сами. Тоа своето дејство го задржува две години откако е направено и со успех се употребува не само кај отворени рани и повреди, туку и кај крварење, отечени жлезди, а ефикасно е и за втријување кај болки во грбот, како средство за нега на рапава кожа на лицето, за ишијас и реума. За да имате секогаш вистински лек, цветовите од кантарион ставете ги во масло од лен (наместо во сончогледово масло, што обично се користи кај нас)

Тоа може да се користи и за опекотини од сонце.

На бебе кое има проблеми со стомачето исто така може да му се намачка масло од кантарион. Познавам едно селанка која сите повреди дури и кај животните ги лечеше со маслото,.На еден селанец машина му ја зафати раката и тешко го повреди. Облозите од кантарион бргу му ги смириле болките, а наскоро и раните зараснале. Друг со успех ја лечел повредата на ногата од пад на коњ.

Еден лекар на осум годишно девојче му дијагностицирал оток на лимфните жлезди во стомакот. Секогаш кога детето ќе било на студено, имало болки во стомакот. Нејзината мајка прочитала за кантарионот во мојата брошура и оттогаш секогаш кога болките ќе се појавеле, го мачкало девојчето со маслото таму каде го боли. После кратко време кај детето се поминало.

НАЧИН НА УПОТРЕБА НА КАНТАРИОНОТ

ЧАЈ: Мала лажичка се попарува со четврт литар врела вода и с еостава кратко да отстои.

МАСЛО: Мало шише до врв се полни со цветови и се прелива со квалитетно маслиново масло. Тоа мора да ги покрие цветовите. Шишето добро се затвора и неколку недели се остава на сонце или блиску до извор на топлина. После извесно време маслото ќе стане црвено. Се процедува низ газа и течноста се чува на темно место. Кај опекотини наместо маслиново, може да се користи ленено масло.

ТИНКТУРА: Во еден литар ракија се ставаат две раце цвет и шишето се остава да стои на сонце или на топло место три седмици.

БАЊА: Кофа полна со кантарион (цветни дршки, листови и цветови) се остава преку ноќ во студена вода. Пред бањање се загрева до вриење и се додава на водата за капење. Бањата треба да трае 20 минути.