Откако неколку медиуми објавија наводна преписка меѓу градоначалникот на Аеродром и сопругата на Саше Политико, Златко Марин испрати демант на овие информации.

-Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене, Златко Марин и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобрзаен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација, пишува Марин.

Тој побарал и извинување и официјален демант од порталите кои ја објавиле наводната преписка.