Врие од полиција во прилепската Стара чаршија. Припадници на МВР го обезбедуваат просторот околу локалите во близина на Градската саат кула, а според информациите од граѓани очевидци непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите, објави порталот Маркукуле.

На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на експлозивната направа.

Претходно беше објавено дека голем број на припадници на МВР се најдуваат на просторот каде што ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време алармираше дека е непрооден благодарение на угостителските објекти, во сопственост на функционери од СДСМ Прилеп.

Според неофицијални информации од граѓани очевидци, во близина е пронајдена бомба кашикара.