Актуелните настани во Русија се внатрешно прашање на оваа земја кое не претставува никаква закана за Полска, оценија вчера полските лидери, пренесуваат британските медиуми.

Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека е можно зголемување на тензиите на границата со Белорусија.

-Апсолутно веруваме дека е тоа интерна работа на Русија….ние не наредуваме никаков зголемен степен на борбенета готовност на нашата армија, изјави синоќа полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со Бирото за национална безбедност, пренесоа британските медиуми.