Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс ги потсетува компаниите членки дека стартуваше почетниот сигнал за отпочнување на преговорите за пристапување во Европската Унија за Албанија и Македонија и им вели дека по завршувањето на кризата со коронавирусот сака да играат водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи.
– Сега во земјите треба да се подобрат економско-политичките рамковни услови како и да се реализираат нови инвестиции во инфраструктурни проекти, само на тој начин Албанија и С. Македонија ќе бидат заштитени од заминување на работоспособните кадри и празнење на државите, вели Мартенс.
Како начин за останување на кадрите во земјава тој го посочува дуалното стручно образование што се реализира по германскиот модел.
– Нашите компании партнери во спроведување на дуалното стручно образование, како и средните училишта кои се дел од овој проект даваат мал придонес во рамките на стручното образование. Среќни сме што во август ќе воведеме дуално стручно образование и во градовите Скопје и Тетово, посочува Мартенс.
Во последните две недели, додава тој, бевме во постојан контакт со Владата.
– Имавме можност да и ги пренесеме Вашите грижи и да побараме објаснување на прашања кои во моментов не Ви се јасни. Во моментов за мене најприоритетна е задача да водам активна комуникација за кризата со Владата за јасно да ги изразам Вашите интереси и грижи пред нејзе. Сите наши сили сега се фокусирани на опстанокот на Вашата компанија. По кризата сакаме да играме водечка улога во преструктуирањето на глобалните синџири на добавувачи, им порачува Мартенс на германските компании во земјава.