Изненадувачки голем број на граѓани се собраа во Ново Лисиче да бараат правда за убиството на младиот Никола Христовски.

Нивниот револт посебно е голем поради тригодишна затворска казна на која е осуден 18-годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за убиство на 17-годишниот Кољо.

Засега, јавноста нема објаснување зошто казната за ова убиство е спуштена под минималните пет години, за што се потребни посебни околности.

Јавноста е посебно револтирана и поради општо познатиот факт дека осудениот за влечење на косата на Радмила Шеќеринска доби четири години затвор, па на социјалните мрежи често се истакнува дека да ја убиеше наместо да ја влечеше за коса, ќе добиеше помала казна.