Александар Зверев се квалификува во полуфиналето на финалниот Мастерс турнир на најдобрите осум во Лондон, откако го победи Данил Медведев во два сета – 6-4, 7-6 (4) за точно еден час и 20 минути.

Тоа беше втора победа на Зверев во групата „Андре Агаси“ после таа против светскиот рекет број 1, Рафаел Надал. Шпанецот даде се од себе за пласман во полуфиналето во англиската престолнина, но неговите два тешки успеси над Медведев и Циципас се покажаа недоволни за Матадорот и неговите амбиции за полуфинале и за првата титула на турнирот.

Зверев остана втор во својата група поради поразот од директниот конкурент Циципас, но со подобри индикатори во однос на играта од Надал, помина во следната фаза. Тој ќе игра во едното полуфинале со Доминик Тим во сабота вечер од 21 часот. Во другиот дуел, дебитантот во турнирот Стефанос Циципас излегува против шесткратниот шампион Роџер Федерер во 15 часот по македонско време.