Во интервју за La Bussola Quotidiano, министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини се заложил за враќање кон природното семејство. Тој објаснил:

„Минатата недела, на пример, ми кажаа дека на сајтот на Министерството за внатрешни работи, на образецот за електронско барање за лична карта стои „родител 1“ и „родител 2“.

Побарав сајтот и образецот веднаш да изменат и да се вратат формите „мајка“ и „татко“. Тоа е мала работа, мал знак. Но ќе сторам се што можам за ова како министер за внатрешни. Секако тоа е предвидено и во Уставот“, рекол Салвини.