Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот за здравство, Фатмир Меџити. Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.
Во однос на поплаките за тоа дека добиените глукомери дошле во несоодветно пакување и без упатство за употреба, министерот потенцираше дека реагирале компанијата во иднина да го поправи тоа.Во однос на прашањето кога би се вовело ред за проблемот на дијабетичарите, министерот изјави дека не можат преку ноќ да ги сменат работите.
Министерот потенцираше дека според препораките на производителот, пацинетите за новите апаратчиња треба исклучиво да ги користат новите лентички кои не треба да ги употребуваат и во старите апарати. За секој апарат има соодветни лентички, такви се препораките и на производителот и на МАЛМЕД, Досега во државата се пристигнати 5 000 глукомери, во октовмри треба да пристигнат околу 17 000 глукомери.