Законот за игри на среќа се врати во Собрание. Ова ќе биде трето читање, откако претседателот Пендаровски одби да го потпише указот. Пратениците остануваат на спротивставени страни. Опозициската коалиција „Вреди“ смета дека со законот се бара отстранување на оддалеченост од 500 метри од училиштата само на објектите на обложувалниците, но не и на казината. Владеачката ДУИ ги нарече „заробеници на ВМРО-ДПМНЕ“ кои сакаат да остане сегашниот монопол во организацијата на игрите на среќа.

„Итно бараме од Сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население. Итно бараме не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и обложувалниците и казината. Покрај проектот „казино во секоја уличка“, Артан Груби сега успешно го спроведува проектот „казино во секоја куќа“, давајќи 4 лиценци за онлајн казина каде партнер е Перперим Бајрами“, обвинува Изет Меџити од Коалиција „Вреди“.