Во Шпанија се уапсени 24 лица поради сомневање дека на интернет споделувале порнографски слики од деца, соопшти денеска полицијата.
Меѓу уапсените се државјни на Велика Британија, Гана, Пакистан и Еквадор.
Полицијата при апсењето кај еден Британец пронашла илјадници фотографии од сексуално злоставување малолетни лица. Идентификувани се уште осум лица за кои се претпоставува дека се поврзани со група која делела нелегален материјал преку Фејсбук и Скајп.
– Меѓу уапсените има и евангелски свештеник и поранешен член на банда, кој работел во училишна кафетерија, додава полицијата.
Апсењата се спроведени низ цела Шпанија, како и на Канарските острови и на Балеарските острови.