Мекдоналдс соопшти дека ја напушта Русија и започна процес на продажба на своите ресторани во земјата, јави Би-Би-Си.

Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради хуманитарната криза и непредвидлива работна средина предизвикани од војната во Украина.

Компанијата појасни дека ова значи поседување бизнис во Русија веќе не е издржано или во согласност со нејзините вредности.

Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата.