Репрезентацијата на Австралија забележа победа над составот составот на САД во пријателски натпревар со 98:94 (23:26; 25:23, 30:27, 20:18).
Кошаркарите на Австралија на овој начин се реваншираа на САД за поразот (86:102) од пред неколку дена во првиот дуел од подготовките за Светското првенство во Кина.
Најефикасен во победничкиот тим беше Пети Милс со 30 поени. Кај Американците се истакнаа Кемба Вокер со 22 и Харисон Барнс со 20 коша.