Најмоќната Германка и светска лидерка, Ангела Меркел, денеска го слави 65-иот роденден.
Германската канцеларка веќе години наназад е една од најмоќните жени во светот. Во последниве неколку нејзини јавни настапи може да се забележи дека таа силно се тресе, за што светските медиуми и германската јавност шпекулираа со неколку можни болести.
Во прилог 13 интересни факти за германската канцеларка и нејзиниот живот.
Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, додека презимето Меркел, го зела од првиот сопруг.
Германците понекогаш ја викаат „мама“.
Додека студирала, Меркел работела како бармен на студентски диско-забави.
Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемите им пристапува од научен, аналитички агол.
Откако се развела од првиот сопруг, живеела под кирија во мал стан во близина на железничката станица. На нејзиниот 30-ти роденден, татко и’ дошол да ја посети и разочарано и’ кажал „Не си стигнала многу далеку!“
Ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид во ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, отишла во сауна, подоцна прошетала малку и испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да се одмори, бидејќи утредента бил работен ден. Сите останати во Германија биле во екстаза што траела до зори.
Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на Берлинскиот универзитет. Не сака публицитет, па дури не се ни појавил на нејзината инаугурација во 2005 година. Обожава опера и прошетки, а се вози со евтини авионски летови, дури и кога му е дозволено да патува со Ангела во службените авиони. Поради неговиот интерес за операта, а недостигот на интерес за јавноста, Германците го викаат „фантомот од операта“.
Меркел е добра готвачка. Обожава да прави колачи од сливи и често може да се види како пазари во супермаркет. Има обичај наутро да му направи појадок на својот сопруг.
Се зборува дека живее под кирија со својот сопруг, професор по квантна физика, и дека обожава да готви чорба од компири.
Уште во 1995 година ја каснало куче и тогаш развила голем страв од ова животно. Се зборува дека Путин за време на службените посети на Меркел, често ја запознавал со неговите домашни миленици, кучињата.
Меркел обожава фудбал и често влегува во машките соблекувални за да им честита за победата на германските репрезентативци. Се зборува дека за време на една таква изненадна посета, случајно го видела Бастијан Швајнштајгер гол!
Последните месеци се забележува исклучително лошата здравствена состојба на Ангела Меркел. За време на службена посета, канцеларката ја обзела грозница, која била видлива и траела прилично долго. Германците се сомневаат дека Ангела или има рани знаци на Алцхајмер или Паркинсонова болест.