Оперскиот пејач Стефан Неданоски на Ножот ја отпеа песната „Се зададе темен облак“ и предизвика бура од емоции кај присутните на чествувањето на јунаците, но со видеото и на социјалните мрежи.

На 14 јули беа одбележани 112 години од најепохалната битка по Илинденското востание, битката на планинскиот врв Ножот, кој се наоѓа во близина на прилепските села Ракле и Никодин.

Повеќе патриотски здруженија во организација на Македонското патриотско здружение „Патриот“ од Прилеп, како и група граѓани на Ножот им оддадоа почит на паднатите херои.

Погледнете го видеото и слушнете го моќниот глас на Неданоски.