Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја брани претходната одлука за поврзаноста на Германија со рускиот гас и вели дека не се кае.

– Од перспектива на времето, беше многу рационално, разбирливо, да се увезе гас од Русија, кој беше поевтин од течниот нафтен гас од другите делови на светот – САД, Саудиска Арабија, Катар, рече Меркел на состанокот на Фондацијата Калусте Гулбенкијан во Лисабон.

Германските медиуми објавија Меркел рекла оти при трансформацијата било јасно дека на Германија ѝ треба гас, за еден ден целосно да се сврти кон други извори на енергија кои не ѝ штетат на климата, пренесе Танјуг.