Одговарајќи на прашања на годишната средба со новинари, германската канцеларка Ангела Меркел попладнево рече дека Европа повеќе не може да се потпира на Америка, пренесе Спутник.

Одговарајќи на новинарска прашања, Меркел се осврна и на односите меѓу Берлин и Вашингтон како и за последниот самит меѓу претседателите на Русија и на САД.

Меркел истакна дека таа била во право кога пред една година кажала оти Европа повеќе не може да се потпира на САД како сила која во иднина ќе го дефинира светскиот поредок.

Одговарајќи на прашањето зошто претседателот Трамп го засилил притисокот врз Берлин, канцеларката забележа дека Германија активно тргува со САД и потенцира дека земјата има трговски суфицит со Вашингтон.

Коментирајќи го самитот, прв лице-в лице меѓу Путин и Трамп, Меркел забележа дека таа е „среќна за секоја средба“. Таа доаде дека „е добро за сите“ што Трамп и Путин планираат нова средба наесен, истакнувајќи дека средби меѓу нив двајца треба да има почесто.

-Фактот што руски претседател бил во посета на САД за последен пат во 2005 година не би требало да е нормално…треба да биде нормално претседателите на Русија и на САД да се среќаваат – рече Меркел.