Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека нема никаков проблем со руската анексија на Крим од Украина.

– Русија имаше право да го анектира Крим. На Крим се одржа референдум, изјави Салвини во интервју за весникот „Вашингтон пост“.

На коментарот на новинарот дека референдумот бил фалсификуван, Салвини одговора дека тоа е само мислење на новинарот и дека 90 проценти од граѓаните на Крим гласале за нивно враќање во рамките на Русија.

Влијанието на Салвини во италијанската политика е во постојан подем, и накусо по изборите годинава, неговата партија Лига стана најпопуларна во земјата.